Економија 06. јули 2020. / 13:12

Во Охрид се урива хотелот „Грин спејс“, бесправно изграден на брегот на езерото

Во Охрид се урива хотелот „Грин спејс“, бесправно изграден на брегот на езерото

Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти, што ја спроведува Општина Охрид, денеска продолжи со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга.

Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа.

извор: ohridnews.com