Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53 836, а бројот на ноќевањата изнесува 108 638, што претставува раст за 25.1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.7 %.
Бројот на домашните туристи во однос на март 2017 година, е зголемен за 18.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 28.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 3.6 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28.5 %.
Во периодот јануари – март годинава, во однос на истиот период лани бројот на туристите е зголемен за 17.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.1 %, а кај странските има зголемување за 21.5.%.
Во периодот јануари – март 2018 година, споредбено со лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 17.7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.5 %, а кај странските има зголемување за 21.4.%.
3 413 туристи имало од Грција, 2 103 од Косово, 3 913 од Бугарија, 1 834 од Албанија, 3 665 од Србија, 3 072 од Турција, 1 447 од Хрватска, 1000 од САД, 931 од Шведска, а другите се во помал број.