Економија 06. август 2020. / 18:05

Во Чаир, Тетово, Куманово и Гостивар протести против поскапувањето на струјата

Во Чаир, Тетово, Куманово и Гостивар протести против поскапувањето на струјата

Серија протести против поскапувањето на струјата денеска се закажани низ Македонија.

Протесните маршови ќе започнат во 19 часот во паркот во Чаир, плоштадот Илирија во Тетово како и пред објектот на општина Куманово.

Во истиот термин е закажан протест и пред седиштетото на компанијата ЕВН во Гостивар.

Организаторите на протестите посочуваат дека тие се организираат како реакција на поскапувањето на струјата, но и против компанијата ЕВН.