Економија 25. декември 2020. / 00:07

ВМРО-ДПМНЕ успеа во напорите да се прекине седницата на чија точка се 33 милиони евра за Макпетрол

ВМРО-ДПМНЕ успеа во напорите да се прекине седницата на чија точка се 33 милиони евра за Макпетрол

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ успеа во напорите да биде прекината седницата во Собранието на којашто Власта се обиде да го протурка законот со кој е предвидено Макпетрол да добие 33 милиони евра.

Собранието на Македонија вечерва ја прекина работата по 19. седница и претседателот Талат Џафери закажа продолжение за утре во 11 часот.

Пратениците треба да ја продолжат расправата по измените на Законот за инвалидски организации, за која се пријавени уште 13 говорници.

По исцрпување на дневниот ред на 19. седница, претседателот на Собранието најави дека ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 20. седница и, евентуално, да се продолжи по уште две седници на кои, како што рече Џафери, има многу важни точки за граѓаните.

Седицата ја прекина на барање на опозицијата, која во расправата по 18 часот реагираше дека се продолжува со работа без да бидат известени за тоа.