Економија 14. април 2020. / 14:47

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се несериозни, економијата колабира

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се несериозни, економијата колабира

Македонската економија е клекната на колена, а буџетскиот дефицит од ден во ден е се поголем. Празните прес конференции на СДСМ нема да им помогнат, граѓаните ја согледаа нивната неспособност. Економијата за која тврдеа дека блеска сега колабира пред првата препрека, односно кризата поврзана со светската пандемија на корона вирусот. Мерките на владата на СДСМ се несериозни и не значат никаква помош за стопанството, напротив само ќе ја продлабочат економската криза во која се наоѓа држава, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните со право се загрижени, нивната животна егзистенција и на нивните семејства е ставена под знак прашалник.За ова СДСМ ќе одговара пред граѓаните и пред името на правдата. Одговорност за буџетската дупка и за лажните ветувања ќе има, констатираат од опозицијата.