По 2.800 денари по животно ќе добијат сточарите кои одгледуваат крави. Тие дополнително ќе можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до октомври 2018-та година кои не се одгледуваат за производство на млеко.
За предадено или заклано говедо во кланица за периодот од мај 2017 до април 2018 година, фармерите ќе добиваат по 1.500 денари.
Овчарите за најмалку 30 обележани овци ќе може да добијат по 1.000 денари за секое животно, а за сочувано женско јагне по 700 денари.
Субвенциите се исти и во козарството со услов фармерите да имаат стадо од минимум 10 кози.
Доплатата за предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети во краварството не се менува, односно останува 3,5 денари, а за овчото и козјото се зголемува за половина денар и изнесува 4 денари за литар.