Економија 28. април 2020. / 21:14

Владата пренамени 50 милиони евра заем од Светска банка за патишта за плати во приватниот сектор

Владата пренамени 50 милиони евра заем од Светска банка за патишта за плати во приватниот сектор

Владата на денешната 47. седница усвои информација за реалоцирање на средства позајмени од Светската банка, со цел истите да се искористат во санирање на економските последици од корона вирусот.

Како што информираат од владината прес-служба, средствата од проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка, ќе бидат пренаменети за исплата на плати за работниците во приватниот сектор.

Станува збор за износ од 50 милиони евра, со кои на работодавачите погодени од здравствено-економската криза ќе им се помогне за исплата на плати за месеците април и мај.