Економија 10. април 2020. / 11:58

Владата попушта пред угостителите: Ќе ги разгледа нивните предлози и ќе ги уфрли во мерките

Владата попушта пред угостителите: Ќе ги разгледа нивните предлози и ќе ги уфрли во мерките

Угостителите и Влдата ги расчистиле дилемите околу користењето на мерките  за ублажување на ударот од кризата, соопштија министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бактеши по средбата со претставници на Туристичко-угостителската комора на Сојузот на стопански комори.

–  Владата ги увиде пропустите и ги корегира и направи измени на уредбите. Прифатена е критиката дека малите и микро компании не можат да ги користат парите од мерките бидејќи имаат само управител и заменик управител и тоа е решено. Разговаравме за нови мерки како и на темата да се прилагодуваме за времето кога ќе почне состојбата да се опоравува и да се нормализира работењето на стопанството – рече Ангеловска.

Министерката порача дека со здравствените власти и угостителите ќе треба да направат мерки кога ќе се опоравува стопанството како да функционираат угостителите.

Бектеши соопшти дека со угостителите е договорено  тие нивните предлози да ги достават до понеделник, а веќе во вторник ќе се расправа за нив. Доколку бидат прифатени од владата ќе бидат вметнати во новите мерки.

Мартин Ангелоски од туристичко-угостителската комора изјави дека состанокот бил е конструктивцен и дал позитивни резултати.

Во делот за новите уредби покажан е позитивен чекор за решавање на работите на кои укажувавме и ги доставивме нашите предлози. На прво место ек као да се задржат вработените и да успееме да добиеме најмногу пари за нив целиот процес да оди во позитивна насока. Има уште предлози за кои треба да се разговара – вели Ангелоски.

Тој соопшти дека едно од нивните барања за кое ќе се разговара во вторник е  обезбедувањето пари за минимална бруто плати за вработените во секторот, а се бара и толкување на примената на делот виша сила во Законот за работни односи.