На денешната владина седница, Министерството за економија информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“ во општина Босилово на „Еуромакс рисорсис“, информираа од Владата.
Во информацијата која што денеска пред Министерството за економија ја презентирало пред Владата, било утврдено дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.
Од Владата информираа и дека по истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со „Еуромакс рисорсис“