Економија 26. февруари 2020. / 11:30

Владата на СДСМ вчера се задолжи за нови 15 милиони евра

Владата на СДСМ вчера се задолжи за нови 15 милиони евра

Владата вчера се задолжи за нови 15 милиони евра. Имено, вчера се одржа аукција на државни хартии од вредност во износ од 900.000.000 денари или околу 15 милиони евра.

Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.

Инаку, она што е најкарактеристично за оваа власт е дека пред да дојде на власт оваа владеачка гарнитура, беше главен критичар на задолжувањата, но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.