Економија 24. декември 2019. / 18:56

Владата на СДСМ планира да не задолжи за 270 милиони евра

Владата на СДСМ планира да не задолжи за 270 милиони евра

Министерството за финансии на својата веб страна ги објави планираните задолжувања за првите два квартали, односно првите шест месеци од годината за наредната 2020-та година. Според податоците, се гледа дека Владата и Министерството за финансии планираат да издадат хартии од вредност во вредност од 16 милијарди и 500 милиони денари односно околу 270 милиони евра.

Задолжувањата континуирано растат додека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво. Eкспертската јавност континуирано предупредуват за зголемените задолжувања и за енормното зголемување на јавниот долг, но власта е глува за тоа и упорно ги спроведува проектираните задолжувања.

Откако СДСМ е на власт јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Јавниот долг достигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Инаку пред да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија додека сега континуирано ги спроведува и ја убедува македонската јавност дека тие се во нормала.