Владата предводена од СДСМ денеска граѓаните ги задолжи со нови 38 милиони евра. Имено денеска се одржа аукција на државни записи и обврзници со која државата се задолжи за 2 милијарди и 300 милиони денари.
Изминативе четири месеци Владата на СДСМ не задолжи со над една милијарда евра, денеска тоа задолжување се зголеми за нови 38 милиони евра.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период обвинуваа дека тие пари наместо за проекти, завршиле за предизборен поткуп.