Економија 14. септември 2020. / 17:23

Владата ќе се задолжи 90 милиони евра за справување со епидемијата

Владата ќе се задолжи 90 милиони евра за справување со епидемијата

На предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Предлог-законот за заем во износ од 90 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка наменет за финансирање на Проектот за итно справување и спречување на последиците од КОВИД-19 во Македонија.

Во соопштението до денешната владина седница се нагласува дека бенефитите ќе ги почувствува целокупното население земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции.

Светска банка беше меѓу првите што излезе во пресрет и во рекорден рок одговори на барањата на Македонија заради потребата за зајакнување на капацитетите во борба со КОВИД– 19.