Економија 07. февруари 2019. / 12:09

Владата ќе позајми нови 26 милиони евра

Владата ќе позајми нови 26 милиони евра

Задолжувањата не престануваат додека економијата се повеќе тоне и е на стаклени нозе. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.600.000.000  денари или скоро 26 милиони евра.

Дека долгот расте зборуваат и официјалните податоци на Светска Банка во чиј извештај беше објавено дека долгот на Македонија ја надминува психолошката граница од над 50 % и новиот извештај од Министерството за финансии во кој јавниот долг пораснал 415 милиони евра во 2018-та година.

Во просек, тоа значи   дополнителни нови 200 евра долг по глава на жител, или сега секој Македонец должи 2.570 евра.

Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.