Економија 19. декември 2019. / 09:15

Владата ќе потпише договор за државна помош со чешки „Локо Транс“

Владата ќе потпише договор за државна помош со чешки „Локо Транс“

Договор за државна помош помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Локо Транс, компанија од Република Чешка ќе биде потпишан денеска во Владата.

На свеченоста за потпишување на документот во Медија центарот на Владата, со почеток од 14:00 часот ќе присуствува заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, а Договорот ќе го потпишат министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и сопственикот и извршен директор на Локо Транс, Карел Јалови.