Економија 31. октомври 2018. / 11:04

Владата ќе го спасува комплексот “Македонско Село”

Владата ќе го спасува комплексот “Македонско Село”

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од изнаоѓање Решение за стопанисување и управување со Комплексот Македонско село во Нерези-Скопје, и донесе одлука за формирање работна група за разгледување на сите аспекти на новонастанатата фактичка состојба, која ќе треба, врз основа на анализата на сите законски решенија, да предложи постапката со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот Македонско село.

Инаку фирмите „Тинекс“ и Квинс“ беа концесионери на етно-селото во Нерези кои ги отворија портите на комплексот што се градеше неколку години наназад.

Од Ми­ни­стерс­тво­то за еко­но­ми­ја тогаш сме­та­ де­ка со из­град­ба­та на ова се­ло ќе се зго­ле­ми ту­ри­стич­ка­та по­ну­да во Скоп­је.

– Ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­е­ктот ќе чи­ни око­лу три ми­ли­о­ни евра, а за ен­те­ри­е­рот е пред­ви­ден до­пол­ни­те­лен еден ми­ли­он. Сме­та­ме де­ка тоа не е го­ле­ма су­ма за ва­ква по­ну­да, имај­ќи пред­вид де­ка со об­је­кти­те во ид­ни­на ќе мо­же да сто­па­ни­су­ва­ат при­ват­ни ли­ца и на та­ков на­чин да се вра­ти ин­ве­сти­ци­ја­та – из­ја­ви пред отворањето Ва­љон Са­ра­ќи­ни, ми­ни­сте­рот за еко­но­ми­ја, при ед­на по­се­та на се­ло­то.