Економија 18. мај 2020. / 11:45

Владата го крши Изборниот законик: 60 дена пред избори не се дозволени исплати на буџетски средства и рекламирање

Владата го крши Изборниот законик: 60 дена пред избори не се дозволени исплати на буџетски средства и рекламирање

Со вчерашната промоција на пакетот економски мерки Владата го прекрши Изборниот закон во делот кој се однесува на вонредни исплати на буџетски средства од страна на власта, рекламирање како и нови вработувања.

Во членот 8а од Изборниот законик е наведено дека исплати не се можни законски се забранети и казниви 60 дена пред избори.

Според тоа, владата вчера или свесно го прекрши Изборниот законик или пак, се подготвуваат за избори во септември со што мерките би имале законска основа.

Владата вчера објави мерки кои изнесусуваат 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него треба да бидат бидат опфатени 730.000 корисници.