Владата на денешната седница донесе Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, со што се овозможува економска подршка на угостителските објекти кои претрпиле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Според Уредбата, се изменува пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетрање на вонредната состојба.
-Со цел нивна сигурност и одржливост во понатамошното работење и со која пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност од м2 дневно, се изменува, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетрање на вонредната состојба. Доколку така одлучат и наместо на општините, кои ја наплаќаат оваа јавна давачка, можат да донесат одлука и да не ја наплатат јавната давачка за користење на просторот пред деловни простории.