Владата ќе потроши 244 илјади евра за консултанти кои ќе кажат како да се продадат прилепски „Еурокомпозит“, „Колска“ Велес и ски центарот Попова Шапка во сопственост на ЕЛЕМ. Консултантите за еден месец ќе треба да изготват документација за продажба на овие компании. Генералниот секретеријат го објави огласот каде е наведено дека консултанстите треба да одговорат какава е финансиската кондиција на фирмите, нивните позиции на пазарот како и проблемите со кои се соочуваат. Фирмата која ќе го добие тендерот треба понуди три модели за продажба на овие компании, а Владата ќе одбере еден. Според спецификацијата во тендерот, консултантите ќе треба да ги утврдат сопственичките удели во фирмите, долговите, кредитети како и оперативните загуби. Дополнително ќе треба да се увидат и тековните судски спорови кои се водат против овие три фирми како и спорови со државни институции и органи на власта. Од Владата објаснија дека сакаат да привлечат меѓународни консултантски компании кои би изготвиле независни анализи.
„Врз основа на деталната длабинска анализа, треба да биде подготвена и соодветна документација за продажба во насока на привлекување на стратешки партнери/ инвеститори заинтересирани за инвестиција во наведените субјекти. Повикот е произлезен од одлуки донесени од Владата на Република Македонија, а со цел да се надминат долгогодишни проблеми со кои се соочуваат овие три претпријатија во државна сопсвеност“, соопштија од Влада на Република Македонија.
Прилепски Еурокомпозит е единствена државна фирма која е загубар. Има над 200 вработени кои со години бараат исплата на заостанатите плати и придонеси од пред шест години. Со доаѓањето на власт, СДСМ во оваа фирма за производство на воена опрема постави двајца директори. Александар Кузевски беше назначен лани во октомври, но си поднесе оставка откако беше обвинет од синдикатот дека си одобрил високи патни трошоци или еднакви како оние на пратениците. Во лоша финансиска кондиција е и велешката фабрика за производство на вагони „Колска“. Вработените често протестира и го блокираа железничкиот сообраќај со барање до Владата да им ги исплати заостанатите плати.