Економија 18. мај 2020. / 13:39

„Викенд без ДВВ“ кон крајот на август, ќе важи само за граѓаните што скенираат сметки

„Викенд без ДВВ“ кон крајот на август, ќе важи само за граѓаните што скенираат сметки

Една од Владините мерки, „Викенд без ДВВ“ планирано е да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември кога се очекува намалување на интензитетот на вирусот, рече денеска економскиот советник во Владата, Фатмир Бетиќи.

Но, тој не ја исклучува можноста дека доколку и во овој период има препораки за негрупирање на граѓани, тогаш ќе се разгледа опцијата кога ќе биде најповолен момент за нејзина реализација.

– Ова е мерка која е предвидено е да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември кога очекуваме ефектите од корона вирусот да спласнат и ќе се креираат услови за непречено фунцкионирање на општеството. Во таа смила не сметаме дека евентуалното групирање на луѓе ќе предизвика бран на негативни ефекти. Ако во тој период има препораки за негрупирање, тогаш ќе се види кога ќе биде најпогодниот момент да се имплементира, потенцира Битиќи.

Појасни дека само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе може да учествуваат и само продуктите кои ќе се продадат тој ден, а за кои ќе има фискална сметка.