Економија 18. септември 2020. / 14:11

(ВИДЕО) Земјоделец од Кавадарци го истури грозјето на локалната депонија зашто нема откуп

(ВИДЕО) Земјоделец од Кавадарци го истури грозјето на локалната депонија зашто нема откуп

Лозарите од Тиквешко годинава мака мачат со грозјето поради ниските откупни цени за килограм.

Тие на почетокот на месецот најавија блокади и протести ако не се реши нивниот долгогодишен проблем околу откупните цени.

Објавените цени на одделни винарии во најмала рака како што и самите рекоа се срамни, понижувачки и омаловажувачки, поради што побараа да се прекине тој монопол со цените.

Еден од незадоволните лозари од Кавадарци поради таквиот однос на Владата која упорно го игнорира ваквиот проблем одлучи да го фрли родот на локалната депонија.

Еве луѓето зошто го работат грозјето, за на депонијата да дојде. Еве зошто се работи грозјето, еве колку мисли државата за нас, вели земјоделецот.

На снимката коже да се чуе дека на депонијата завршиле три тони грозје.