Економија 12. октомври 2020. / 15:08

(ВИДЕО) Велковски: Во тек е изградба на 190 километри патна мрежа во вредност од 800 милиони евра

(ВИДЕО) Велковски: Во тек е изградба на 190 километри патна мрежа во вредност од 800 милиони евра

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е посветена на сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти. Во време на сериозна глобална и економска и здравствена криза, инвестициите во инфраструктурата се од голема важност за побрзо надминување на негативните економски последици, изјави Диме Велковски од СДСМ.

Низ државата, во тек е изградба на 190 километри патна мрежа во вредност од 800 милиони евра.
Автопатот Кичево – Охрид веќе добива посилна динамика, а на автопатот Скопје – Блаце изведувачот на првата делница, веќе е воведен во работа. Во тек е рехабилитација на 208 километри патна мрежа во вредоност од 42 милиони евра, а обезбедени се 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици и локални патишта во општините. Истовремено, во тек се 29 проекти за изградба на водоводи и канализации а се подготвуваат уште 14 проекти. Во пет општини: Пробиштип, Неготино, Виница, Св. Николе, Бутел, во тек е изградба на 506 социјални станови, а наскоро започнуваме со изградба на нови социјални згради во Демир Капија, Гевгелија и Велес. Во однос на проектот за гасификација, реализирана се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа делница е со вкупна должина од 86 километри во вредност од 29 милиони евра. Се работи и на делницата Неготино-Кавадарци-Битола, каде се релизирани над 89 отсто на делницата која е во вкупна должина од 92 километри и вредност од 36,4 милиони евра, изјави Диме Велковски, пратеник на СДСМ.