Економија 22. февруари 2021. / 11:50

(ВИДЕО) Синадиновска Арсовска: Имаме многу нелогичности во однос на протоколот за работа

(ВИДЕО) Синадиновска Арсовска: Имаме многу нелогичности во однос на протоколот за работа

Денеска гостин во утринската емисија „Утро со Златев“ беше Марија Синадиновска Арсовска од иницијативниот одбор на рестораните кои организираат настани. Со нејзе се дискутираше повеќе на оваа тема, но и за сите загрозени комплементарни дејности од оваа пандемија поврзани со организирање веселби.

Според гостинката има многу нелогичности изречени од Владата.

– Ние бараме да работиме со истите протоколи како што моментално функционираат останатите угостителски објекти. Доколку работиме по овој протокол по којшто во овој момент функционираат останатите угостителски објекти, се уште стои членот 14 и имаме забрана за организирање прослава. Ќе бидеме принудени да створиме прекршок, вели Синадиновска Арсовска за Радио Лидер.

Таа додаде дека имаат безрезервна поддршка од музичарите и ноќните клубови и вели дека се работи за цела индустрија која е загрозена.

– Имаме многу нелогичности во однос на протоколот за работа. Свесни сме дека не може да се работи како порано, но редно е и тоа „ново нормално“ да профункционира и кај нас, потенцираше Синадиновска Арсовска.

Целото видео може да го погледнете во продолжение.