Економија 27. декември 2020. / 16:33

(ВИДЕО) Николоски: Законот за Макпетрол е втор најскандалозен закон во историјата на Собранието

(ВИДЕО) Николоски: Законот за Макпетрол е втор најскандалозен закон во историјата на Собранието

По повеќе од 2о часа Собранието  ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.

Ова законско решение предвидува да му се признае на „Макпетрол“ сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Во текот на расправата која траше  цела  ноќ, пратениците од опозицијата со говори, реплики и контрареплики се обидуваа да го спречат донесувањето на овој закон.

Тие сметаат дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото.

Заев не се осмели да дојде и да објасни за што ќе даде 33 милиони евра и зашто не ги даде истите за, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ,  Александар Николоски, од Собранието .

Се потврдува дека ова е спорен законски текст, а се наметнуваат неколку прашања.  Како е возможно номиналната вредност да е 18 милиони евра, а се плаќа 33 милиони евра, кој ја направил таа проценка, каде ќе оди разликата. Нели е попаметно овие 15 милиони евра да одат за набавка на вакцини, кои ги нема кај нас, или за опремување на болници, или да одат за плати за персоналот. И финално после 21 час, прашањето е каде е демократијата.  Заев не дојде и да се соочи со пратениците од опозицијата. Ова е втор најскандалозен  закон во историјата на македонското собрание, во однос на корупција,  после ОКТА, втор наголем корупциски скандал., изјави Николоски.