Економија 21. декември 2020. / 11:08

(ВИДЕО) Николоски пластично објасни како се трошат народните пари

(ВИДЕО) Николоски пластично објасни како се трошат народните пари

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на последниот ден од расправата за Буџетот за 2021 година истакна дека тој се сомнева во овој буџет и смета дека за многу брзо, како што рече, за неколку месеци од сега ќе гледаме ребаланс на буџетот кој што ќе има корекција и во приходната и во расходната страна или ќе има корекција во зголемување на дупката.

Образложувајќи како се трошат парите, Николоски буџетот го поедностави на износ од 1000 денари.

-Од 1000 денари, Заев на плати троши 127 денари. На ставката стоки и услуги, за кој никој не знае што се троши 86 денари. На социјални трансфери, купување социјален мир и за жал, поткупување на гласачи троши фантастични 487 денари. На поддршка на пензии троши 288 денари. На здравствена заштита само 139 денари. На други трансфери и црна дупка, која што ја коментирав досега и никој не знае за што се троши 159 денари, а на капитални расходи на инвестиции само 93 денари и во исто време се задолжува во вредност од 141 денар, поедностави Николоски и праша дали во било кое од вашите семејства можете да замислите ситуација во којашто се задолжувате дупло повеќе од тоа што инвестирате?