Економија 26. февруари 2021. / 09:42

(ВИДЕО) Мицкоски: Парите наменети за поддршка на економијата завршија во картички за поткуп

(ВИДЕО) Мицкоски: Парите наменети за поддршка на економијата завршија во картички за поткуп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Утро со Златев“ на Радио Лидер зборуваше за мерките коишто опозициската партија ги дала како предлог за справување со ковид-кризата по појавата на првиот случај на ковид, но не биле прифатени од владејачката партија.

Мицкоси рече дека уште кога за првпат во земјава било регистрирани лице заболено од Ковид-19 окорд партијата излегле со повеќе предлози. Биле предложени, како што вели, барем 20-на мерки до Министерството за здравство и Венко Филипче како би се преземале за да се намалат ризиците од ширење на вирусот во Македонија.

-Тогаш бевме обвинети дека шириме лажни вести, медиумите под притисок се обидуваа да кажат што не чини во предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и рефлектираа во јавноста еден амбиент на смирување и вештачки мир дека работата е под контрола и дека Венко знае што прави. Не убедуваа дека работата е под контрола, дека нема повеќе од 2000 граѓани да се разболат, неколку десетици дека ќе го загубат животот. Година дека потоа правиме пресек, повеќе од 100.000 се заболени или веќе го прележале вирусот, повеќе од 3.000 го изгубиле својот живот и денеска сме на прагот на третиот бран и повторно имаме повеќе од 600-700 инфицирани на дневно ниво, вели Мицкоски.

Додаде и дека партијата предложила и неколку економски мерки за решавање на кризата. Еден од нив, вели Мицкоски бил и предлогот Народната банка да ја намали емисијата на благајнички записи, а парите наместо народната банка, да ги земе министерството за финансии и да бидат поддшка за бизнисот.

-Ме обвинуваа дека зборувам глупости, а потоа секој месец Народната банка по 6-7 милијарди од тие денари да ги намалува и денеска ние се наоѓаме на ниво од 8-9 милијарди денари, значи некој си 15-16 милијарди денари завршиле повторно во државниот буџет преку дестерелизирање на парите од народна банка и стерилизирање на банките на бизнисот во министерството за финансии за поддршка на буџетот, вели Мицкоски.

Тој додава дека преку буџетот парите требаше да завршат за поддшкана економијата, наместо тоа завршија во картички за поткуп пред избори.