Денеска во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостуваше Гордана Димитриеска Кочоска со која се зборуваше за македонската економија во време на криза. На ова интервју гостинката праша зошто во месец декември сме имале буџетски дефицит од 225 милиони евра.
– Само во месец декември сме имале буџетски дефицит од 225 милиони евра. Тоа е исто како буџетскиот дефицит од цела 2019 година. Овие пари отишле под разни трансфери. Јас искрено се надевам дека некој од Министерство за финансии ќе излезе и ќе даде отчет каде е направен буџетскиот дефицит од 22 милиони евра само за еден месец. Невозможно е четвртина од целиот буџетски дефицит да се потроши во еден месец. Тоа да се случи во некоја фирма јас како ќе опстане. Ова е комплетно непознавање на парични текови на управување, ликвидност, оперативно работење и слично. Некои работи за еден економист навистина се несфатливи, вели Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додава дека животниот стандард во Македонија е на многу ниско ниво и се осврнува на „вештачкото“ зголемување на плата, но и пензиите на пензионерите. Според нејзе, пензионерите се оштетени.
– Им дадоа картички на пензионерите, ама сите забораваат дека во 2018-та им ги скратија пензиите на пензионерите. Сега тие се оштетени за повеќе од 2000 денари годишно, но во истовреме им ги зголемија трошоците за живот, додава Димитриеска Кочоска.
Зборува и за доделувањето на картичките на студентите, а потсетува дека многу од нив им се зголемиле трошоците за живот. Оттука, додава каков е животниот стандард во Македонија.
– 2006 кога ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт БДП бил 30%, во 2016-та бил 2016 бил 37%. БДП моментално е 37 отсто. Од 2016 до 2019 БДП е зголемен само 0.2%, потенцира Димитриеска Кочоска за Радио Лидер.
Според нејзе многу работи биле ветени како: стапка на раст на БДП над 4%, убедување и уверување на граѓаните дека просечната плата ќе биде 30000 денари.
– Наместо да имаме подобар животен стандард, ние де факто осиромашуваме, заврши таа.