Економија 24. февруари 2021. / 16:45

(ВИДЕО) Битиќи на маса со угостителите: Економски мерки има, против здравствените препораки не смее да се оди

(ВИДЕО) Битиќи на маса со угостителите: Економски мерки има, против здравствените препораки не смее да се оди

Вицепремиерот Битиќи излезе пред Влада и им ги објаснуваше Ковид мерките и протоколите на сопствениците на ресторани, пренесува Слободен Печат.

– Платите намерно се направени скалесто, тие што имаат најголем пад, да имаат најголема придобивка. Даваме минимална плата и во петтиот пакет продолживме со истата мерка. Вие бидејќи сте затворени секако ќе добиете максимална поддршка, а тоа е минимална плата за сите вработени. Тој момент не треба да се заборави. Против здравствените препораки на комисијата не се оди и не смее да се оди Здравјето пред се. Економски мерки има, појасни вицепремерот Битиќи.

Угостителите кои организираат свадбени свечености денеска излегоа на протест пред владата. Таму поставија астали и бина со свадбен декор и го пречекаа министерот Битиќи за да му објаснат за нивните загуби во периодот кога се забранети свадбите и како да се реши овој проблем.