„Малку попрецизно, секој ден изминативе 3 месеци јавниот долг се зголемува за над половина милион евра или поточно 580 645 евра дневно, додека, пак, државниот долг се зголемува секој ден за 311 827 евра“, посочи Арсовски.
Тој додаде дека во вторник е исто така тежок ден за државата бидејќи, како што рече, СДСМ планира да ја задолжи државата за нови 32,5 милиони евра.
„Речиси половина мандат им помина од задолжување во задолжување, а немаат реализирано ниту еден единствен проект. Економијата тоне, БДП се килави, не може да мрдне повисоко од 0, земјоделието никогаш не било полошо, стопанството и градежништвото бележат вртоглави падови, граѓаните секојдневно тонат во долгови. Нема нови автопатишта, нема нови училишта, нема нови градинки, нема нови студентски домови, нема нови болници, нема повисоки субвенции за земјоделците, нема повисоки пензии, нема повисоки плати, едноставно нема ништо од тоа што ветуваа СДСМ во пред изборите“, обвини портпаролот на опозициската партија.
Од име на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски побара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања и исто така да се откаже од намерите предвидени од фискалната стратегија со којашто државниот и јавниот долг, како што рече тој, би отишле над 50 отсто од БДП.