Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски утрово гостуваше во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер при што говореше на повеќе теми за актуелната политичка ситуација.
– Битиќи кој се смета за интелектуалец во нивната фела, од она што гледам и слушам од него просто не можам да верувам. Ми изгледа на површен и салонски политичар којшто тотално нема врска што им е потребно на бизнис заедницата. Дали се сеќавате дека кога се појави короната дека најавуваа помпезно помош за стопанствата. Тогаш велеа: „еве ќе ви доделиме пари аплицирајте“. Ние им велевме дека тоа не е помош туку тоа е кредитирање, а не помош за компаниите. Сега, самиот Битиќи излезе и рече дека компаниите кои добиле државна помош ќе треба да ги вратат парите и потврди дека е кредитирање, вели Арсовски за Радио Лидер.
Извадокот од гостувањето на Арсовски каде зборуваше за министерот Битиќи може да го погледнете во продолжение.