Економија 28. јуни 2020. / 16:43

Василевска открива скандал: Каде исчезнаа 56 милиони евра од министерството на Царовска?

Василевска открива скандал: Каде исчезнаа 56 милиони евра од министерството на Царовска?

Поранешната министерка за Труд и социјална политика, Мила Царовска, треба да одговори каде завршиле 56 милиони евра од министерството, вели Иванка Василевска.

Како што вели Василевска во интервју за „Лидер“, во јавност излегоа многу снимки за поткуп на гласачи со таканаречени социјални пакети, но нема никаква трага или отчет каде се 56 милиони евра од Министерството.

Мила Царовска е должна да одговори пред македонските граѓани и македонскиот народ каде завршија 56 милиони евра. Парите си се распределија без никаква контрола. Тоа е скандал од највисоки размери. Гледаме социјални пакети насекаде, гледаме секојдневно како функционираат на терен, излегуваат снимки како се раздаваат тие пакети. Од февруари до денес се поделени 56 милиони евра, пари што ги нема – вели Василевска.

Целото интервју со Василевска, ќе биде објавено на „Лидер“, вечерва во 21 часот.