Економија 15. август 2018. / 22:41

Вашингтон: Санкциите на Турција кон САД се неоправдани

Вашингтон: Санкциите на Турција кон САД се неоправдани

Од Белата куќа соопштија дека зголемувањето на царините врз американските стоки од страна на Турција, како одговор на санкциите на САД врз Анкара, е неоправдано и повикаа повторно на итно ослободување на американскиот свештеник Ендрју Бренсен.

„Мерките што САД ѝ ги наметнаа на Турција се за националната безбедност. Нивните се само одговор на нашите“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандесон.

Претходно денеска, турската влада соопшти дека царините на американските автомобили ќе се зголемат за 120 отсто, а алкохолните пијалаци за 140 проценти, како реакција на санкциите на САД што предизвикаа историски пад на турската валута.