Економија 12. јануари 2021. / 08:45

Утврдена цената на Ивермектинот, од денеска доспатен во аптеките

Утврдена цената на Ивермектинот, од денеска доспатен во аптеките

Ивермектинот од денеска легално ќе се продава во аптеките во Македонија. Ќе чини околу 300 денари и ќе се издава само со рецепт од матичен или специјалист. Од МАЛМЕД информираат дека 5 компании направиле увоз на лекот, а имало барања за дозволи за набавка уште од неколку фирми кои се занимаваат со ова дејност.

-Лекот ќе го има во доволни количини кај нас, ќе биде достапен таму каде што има потреба. Апелирам до граѓаните да не се нафаќаат на лекување на своја рака. Како и да е издавањето на лекот ќе оди на лекарски рецепт. Граѓаните да не прават залихи дома, изјави Лирим Шабани, директор на МАЛМЕД.

Освен во аптеките Ивермектинот ќе се користи и во болниците. Неколку здавствени установи пројавиле интерес да го набават бидејќи веќе е влезен во протоколите за лекување на Ковид пациенти. Лекот освен за третман може да се користи и превентивно, но во консултација со лекар. Сите досегашни студии покажале дека стариот и евтин лек за паразити е безбеден и ефикасен против коронавирусот.

-Сите налагаат на позитивни резултати, на тоа и ние се потпираме и затоа се овие забрзани процедури кои ги правиме за да го обезбедеме лекот, додаде директорот на МАЛМЕД Шабани.

Лекот почнал да се употребува пред повеќе од 3 децении, досега е пропишан на 3.7 милијарди рецепти ширум светот. Достапен е во повеќе форми, но за луѓето е дозволена само орална употреба.