Сосиете Женерал планира да ја напушти Централна и Источна Европа.
Француската мултинационална компанија за банкарски и финансиски услуги Сосиете Женерал, со седиште во Париз, планира да ги продаде своите филијали во Централна и Источна Европа и да се фокусира на други делови од своите бизниси.
Првата продажба се очекува да се случи во Бугарија. Societe Generale Expressbank е седмата по големина банка во Бугарија со актива од 6,7 милијарди лева (4 милијарди долари) во јуни, покажаа податоците на централната банка. Унгарската ОТП банка се согласи да купи 99,74% удел во бугарските филијали и со тоа да почне да ја зајакнува својата позиција на Балканот.
Но, Сосиете Женерал на ОТП освен филијалите во Бугарија, планира да им ги продаде и филијалите во Албанија. Унгарската ОТП банка се согласи да купи 88,89% од акциите во Албанија. Услугите кои ОТП Банка ќе ги нуди во двете држави вклучуваат: инвестициско банкарство, пазари на капитал, финансирање и глобално трансакциско банкарство.
Соработката на Сосите Женерал и ОТП Банка потрекнува уште од 2016 година, кога Сосите Женерал ги продаде своите акции од хрватската Сплитска Банка на ОТП Банка.
Во моментов Сосиете Женерал ја истражува продажбата на својата полска единица Еуробанка, објавија инвестициските банкари минатиот месец, а француската банка ја објави продажбата на својата приватна банкарска единица во Белгија до ABN AMRO (ABNd.AS).
Сосиете Женерал, исто така, планираше да излезе од пазарите во Србија, Македонија, Молдавија и Црна Гора и разговараше со ОТП и со фирмата за приватни акти Аполло Глобал Менаџмент. Оттогаш, продажбата на црногорската единица SocGen е одложена, главно поради политички прашања.
ОТП Банка, исто така, сака да се “всели” и во Србија и изрази интерес за Комерцијална банка неодамна како и минатата година. Извештаите сугерираат дека групата е на прагот на купување српска подружница на Сосиете Женерал. Банкарите велат дека големата физичка мрежа на давателот е повеќе проклетство од благослов во дигиталната ера, додека нејзината блискост со тешката државна структура на Србија ќе биде камен на сопнување за меѓународните купувачи. Ова се основните причини зошто Сосиете Женерал ја напушта и Србија. Канцеларијата на “Сосиете Женарал” е отворена во Белград уште во 1977 година, а во 1991 година ќе стане сериозна и голема банка. Таа е единствена банка со странски капитал која работеше во Србија во деведесетите години на минатиот век. Има мрежа од околу 100 експозитури и е една од водечките банки во земјата. Ова ја прави привлечна за купување од страна на ОТП Банка. Официјално на 20. Декември, Народната Банка на Србија, објави дека договорот помеѓу двете банки е потпишан. SoGe Leasing и SoGe Osiguranje се опфатени со процесот на продажба, додека Сосиете Женерал Група ќе продолжи со своето присуство во Србија преку АЛД Автомобили. Меѓутоа, Гувернерката на Народна Банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, во последната изјава за јавноста потенцираше дека иако двете банки се договориле, НБС сеуште нема дадено зелено светло.
Со инвестиција од 125 милиони евра, на 4ти август 2017 година ОТП Банка за прв пат влезе на српскиот пазар, односно ги купи Војвоџанска Банка и НБГ Лизинг.
ОТП Банка има поднесено барање и за купување на НБГ Груп во Грција и со тоа да има своја филијали во секоја држава на Балканот.
Што ќе се случува со Охридска банка?
Француската банка Сосиете женерал ја презема Охридска банка” и откупи пакет од 51,6% од акциите на “Охридска банка” во април 2007 година. За 165.334 обични акции, французите платија 8.157 денари по акција. Засега нема ниту една изјава или шпекулација дека ОТП Банка е заинтересирана за акциите на Сосиете Женерал во Македонија.
Моментално не е доставено барање за купување на Охридска Банка до Народна Банка на Република Македонија. Меѓутоа, доколку ова барање бидее доставено до НБРМ, дозвола за купување на Банката ќе биде дадена само на купувач кој е на ист или повисок ранг од Сосиете Женарал. ОТП Банка, во рамки на Европа, не е на ист ранг со Сосиете Женарал, но има голем пазарен удел на Балканот.
Охридска Банка АД Охрид е трансформирана во акционерско друштво на 29 декември 1989 година. Како самостојна банка, под името Охридска банка АД Охрид работи од 1995 година. Во периодот на десетгодишното функционирање како самостојна банка, Охридска банка перманентно го зголемувала финансискиот потенцијал и во моментов банката е рангирана на четврто место во банкарскиот систем на Македонија, мерено според вкупната актива.
Почетниот капитал на Банката изнесува 1.368.327.500 денари. Вкупниот број на обични акции е 516.350 со номинална вредност по акција 2.650 денари. Дополнителниот капитал изнесува 1.783.323 илјади денари и се состои од: Субординирани инструменти во износ од 1.783.323 илјади денари. Вкупен износ на Сопствени средства изнесува 5.497.499.000 денари и аекватноста на капиталот е 15.83%.
Капитал потребен за покривање на кредитен ризик изнесува 2.480.393.000 денари. Капитал потребен за покривање кредитен ризик од билансни ставки изнесува 2.131.043.000 денари. Капитал потребен за покривање кредитен ризик од вонбилансни ставки: 349.350.000 денари. Капиталот потребен за покривање на валутниот ризик изнесува 75.906.000 денари.
Охридска банка е првата македонска банка која понудила кредитното животно осигурување. Во соработка со осигурителната компанија „Граве“, Охридска банка нуди кредит кој гарантира дека, доколку се случи некој несакан настан, осигурителната компанија ќе го подмири остатокот од главнината на кредитот. Со оваа програма се опфатени сите кредити за физички лица, кои се на возраст од 18 до 67 години, а осигурителната премија изнесува 0,85% годишно од износот на кредитот. Ризици кои се покриени со овој кредит се: смрт како резултат на несреќен случај или болест, целосна и трајна инвалидност како резултат на несреќен случај или болест, како и трајна и целосна загуба на способност како резултат на несреќен случај или болест.
Во 2010 година, списанието Euromeney ја прогласи Банката за најдобра во Македонија и претставниците го подигнаа своето признание директно во Лондон. Сите овие успеси и понуди на Банката ја прави поинтересна за нов инвеститор.
Извор: Банкарство.мк