Економија 04. јануари 2021. / 08:34

УЈП во текот на денот ќе објави кои компании не исплатиле ноемвриски плата

УЈП во текот на денот ќе објави кои компании не исплатиле ноемвриски плата

УЈП се очекува во текот на денешниот ден да ја објави листата на компании кои не ја исплатиле ноемвриската плата за своите вработени, а добиле државна помош во рамки на четвртиот пакет на економски мерки.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави на првиот работен ден во 2021.

351 претпријатие по опомената ја исплатиле платата за месец ноември. Најмногу работодавачи кои до сега не го направиле тоа се 43 во трговијата на мало, 37 во подготовка на оброци и 22 транспорт во транспортот.

Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.