МПЦ веќе не е над и надвор законите, УЈП отворила постапка за даноците во 2018 година, а се однесува на утврдување на фактичката состојба – дали МПЦ плаќа даноци што е обврска на сите правни и физички лица, во согласност со надлежностите на УЈП, пишува НОВА.
Како што јави НОВА, процедурата на УЈП започнува со анализа на даночните исполнувања на обврските кон државата. Доколку се увидат нерегуларности и злоупотреби во МПЦ, же следи инспекциска контрола во соработка со другите надлежни институции, Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, МВР.
Во целокупната процедура, доколку се увидат финансиски малверзации, би биле вклучени и Катастарот и Централниот регистер, од каде би се црпеле информации за имотната состојба на МПЦ, за вработените, пријавување на имотот, како и на останатите добра, потоа плаќање на даночните обврски кои се однесуваат и на имотот, платите и останатите приходи, како и целосната финансиска слика, која би ги дала сите информации и детали за состојбите во Црквата, но и генерално, нејзината финансиска моќ.
Најновите документи на Централниот регистер кои ги добила НОВА, покажуваат дека МПЦ не поднела годишна сметка во периодот од 2001- 2006 година, додека за периодот од 1992- 2000 година Централниот регистар на РМ не располага со податоци.
ЦРМ е формиран 2006 година, но податоците од претходните години постојат, преземени од претходната институција, Заводот за платен промет, што значи дека постои архива на претходните години, наследена од претходната инситуција.
Според документот, МПЦ цели пет години не пријавила Завршна сметка, а во него пишува дека тоа последен пат го направила во 2012 година и до денес нема пријавен завршен биланс.
Непријавување на завршна сметка после две години повлекува бришење од Централниот регистер, а надлежна институција за дејноста и функционирањето на МПЦ е Основниот суд.