Економија 20. јануари 2021. / 08:26

Угостителските објекти од утре ќе работат до 21 часот

Угостителските објекти од утре ќе работат до 21 часот

Утре престанува да важи рестриктивната мерка за угостителите. Тие ќе може повторно да работат до 21 часот, но, дали ќе има продолжување за уште два часа, до 23:00, како што бараат, ќе се знае идната недела.

Оваа одлука Владата ја донесе вчера и со неа се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот што стапи во сила на 18 декември 2020 година.

Со одлуката се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот, соопшти владината прес-служба.

Министерот за економија и завчера, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека очекува работното време на угостителските објекти да биде продолжено до 23 часот. Сепак, како што напомена, тоа ќе зависи, пред се, од Комисијата за заразни болести.

Скратувањето на работното време на угостителските објекти стапи во сила на 18 декември 2020-та и согласно владината одлука донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, треба да заврши утре, на 21 јануари. Целта на оваа рестриктивна мерка беше спречување на ширењето на КОВИД 19.

Угостителите реагираа и, како што укажуваа тогаш, се уште се на ставот дека ниту еден угостителски објект што ги почитува протоколите, не е извор, ниту причина за ширење на корона заразата.