Економија 30. ноември 2020. / 13:52

Угостителите, туристичките агенции и трговците на мало ќе работат и во недела

Угостителите, туристичките агенции и трговците на мало ќе работат и во недела

Се уште се разгледуваат предлозите и барањата од страна на бизнис заедницата во врска со предлогот недела да биде неработен ден.

Од Министерство за економија информираат дека се прават компаративни анализи со државите од регионот и со државите од Европската унија со цел да се изнајде соодветно решение за некој од бизнисите кој работат во недела.

Нас не засегаат четири законски решенија, Законот за трговија, Законот за занаетчиство, Законот за угостителство и Законот за туристичка дејност во кој децидно е утврдено работното време. Со бизнис заедницата ќе преговараме за да најдеме заедничко решение. Во секторот угостителство најверојатно ќе остане постојното законско решение до средината на наредната година. Во Законот за трговија ќе има одредени измени кој ќе се однесуваат пред се на трговијата на големо, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, најпрво треба да разговараат со бизнис заедницата и стопанските комори, па потоа да донесат соодветно решение. Досега, како што рече е раговарано со угостителте и со компаниите од туристичката дејност со кој се договорите да нема никакви законски измени, односно бизнисите од овие дејности ќе работат како и досега.

-Што се однесува до Законот за трговија, кај трговците на мало нема да има никакви измени, односно и тие ќе продолжат да работат како досега, а во трговијата на големо ќе има измени кој ќе се донесат по претходна консултација со компаниите од овој сектор, додаде Бектеши.

И претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа рече дека се уште се во преговори со Министерството за труд и социјална политика и оти наскоро ќе излезат со конкретни предлози, бидејќи како што рече дел од бизнисите кој работат во недела побарале да им се овозможи да ја вршат својата дејност.