Економија 23. август 2019. / 21:20

Угостител од ДУИ ќе биде нов министер за странски инвестиции

Угостител од ДУИ ќе биде нов министер за странски инвестиции

Ибрахим Дехари ќе биде нов министер за странски инвестиции, дознава телевизијата Алсат М. Дехари е кадар на ДУИ, бизнисмен, потекнува од селото Гајре, а во моментов е професор на Тетовскиот универзитет и е сопственик на ресторанот „Ара“ во Тетово.

Тој доаѓа на местото на сега веќе поранешниот министер за странски инвестиции Зоран Шапуриќ.