Економија 22. јуни 2018. / 17:03

ТВ Нова отиде во стечај – десетици медиумски работници без работа

ТВ Нова отиде во стечај – десетици медиумски работници без работа

Основниот суд Скопје 2 денеска отвори стачајна постапка за телевизијата Нова. Не даваат детали за случајот но потврдија дека е донесено решение во врска со барањето на доверителите за отворање на стечајна постапка.

„Судот донесе решение кое треба прво да биде напишано па испратено во Службен весник. Веројатно истото ќе биде објавено следната недела“, велат оттаму.

Телевизијата има право на жалба до Апелацискиот суд по што и дефинитивно ќе се знае кога и како ќе продолжи стечајната постапка на телелвизијата.

Предлогот за отворање на стечај го поднесоа 43 поранешни вработени во телевизијата. На листата на доверители се новинари, сниматели и монтажери.