Економија 03. февруари 2020. / 12:18

Тутунарите на протест – Плетвар блокиран

Тутунарите на протест – Плетвар блокиран

Прилепските тутунари утрово излегоа на протест и го блокираа патниот правец Прилеп-Плетвар. Од 1 јануари тутунот веќе не се откупува, а оној кој се откупува се плаќа за класа пониско, што значи дека значително е намалена откупна цена, велат незадоволните тутунари. Тие бараат да се зголеми откупната цената, сите откупни пунктови да проработат и да се исплаќа за фактичката класа на тутун.

Тутунарите бараат да се донесе закон со кој ќе се забрани увозот на тутун во Македонија ипотсетуваат дека и субвенциите сѐ уште не се исплатени „затоа што постои и партиска дискриминација и и врски“, велат тие.

Тутунарите најавуваат дека доколку нивните барања не се оствараат ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патиштата.

Револтирани тутунари и земјоделци денеска излегоа на протест и во Долнени.

Тие револтот кон оваа ненародна власт и министерот за земјоделие го искажаа со блокирање на патот и палење на тутунот чија ниска цена е неприфатлива за нив.