Економија 11. март 2021. / 13:10

Тутунарите го блокираа патниот правец Прилеп – Градско: Бараат да се откупи неоткупениот тутун

Тутунарите го блокираа патниот правец Прилеп – Градско: Бараат да се откупи неоткупениот тутун

Тутунарите денеска повторно го блокираа патниот правец Прилеп – Градско. Оваа блокада планирано е да трае од 12 до 14 часот. Една од главните причини поради која го блокираат е се‘ уште неоткупениот тутин кој е околу 1.800.000 килограми. Освен тоа, тие имаат и други барања.

Блокадата на патниот правец Прилеп – Градско е од пет здруженија, а сите ги делат истите барања. Тие бараат тутунот да се откупи по истите цени како редовниот откуп, а Министерството за земјоделие да го испочитува тоа што го кажало во петиот пакет економски мерки.

– Веќе сме на средината на месец март, а откупот е пролониран до крајот на овој месец. Што побрзо откупните компании да поделат амбалажа за да може тутунарите да го спакуваат тутунот. Час поскоро да почне тутунот, децидни се тутунарите.

Велат дека се разочарани и искажуваат сомнеж за договор меѓу откупувачите на тутун и Владата.

– Тутун има во сите села, ова е смислена стратегија меѓу државата и откупувачите за да падне цената на тутунот, велат тутунарите.

Ова се барања за старата реколта, а тие имаат барања и за новата реколта. За новата реколта бараат во целост и безусловно членот во законот кој дозовлува увоз на суров необработен ситнолистен тутун. Зголемување на цените по сите класи, до 25 отсто изедначување на цените во сите претпријатија. Да не бидат цените 65 денари во еден тутунат, а 90 денари во друг.