Економија 03. април 2018. / 10:43

Турција оствари поголем економски раст од Кина

Турција оствари поголем економски раст од Кина

Турција оствари поголем економски раст од Кина и Индија во текот на минатата година, соопштии Блумберг.

Во 2017 година бруто домашниот производ на земјата пораснал на 7,4 отсто и покрај проекциите за пораст од 6,7 проценти.

За споредба, Кина и Индија, кои се сметаат за најбрзорастечки економии в светот, забележале 6,9 односно 7,1 проценти пораст на БДП.

Турција покажува стабилен економски пораст и покрај нејзините политички турбуленции.