Економија 08. јули 2019. / 18:38

Трипуновски: Земјоделците ги чекаат субвенциите што требаше да бидат исплатени до 30-ти јуни

Трипуновски: Земјоделците ги чекаат субвенциите што требаше да бидат исплатени до 30-ти јуни

Јаболкопроизводителите од Преспанскиот регион се’ уште ја чекаат исплатата на субвенциите, за кои беше ветено дека ќе бидат исплатени до крајот на јуни. Вака обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде сметаат дека земјоделците се на дното на приоритетната листа на премиерот Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Димковски и неговиот претходник Николовски.

Земјоделците и јаболко производителите апелираат до министерството и до Зоран Заев веднаш и сега да ги исплатат ветените субвенции. Бидејќи земјоделците се наоѓаат во една незавидна ситуација. Немаат основни средства за одржување на постоечките насади, а не пак за егзистенција на своите семејства и своите најблиски. Апелираат дека оваа ситуација е крајно алармантна затоа што ветените средства не ги добија до кога што требаше. Исто така на овие средби беше упатено дека ако во наредниот период не се исплатат субвенциите кои што ги ветуваа, земјоделците ќе бидат приморани својот револт да го искажат на улиците преку протест. Затоа што веќе се манипулираат повеќе од две години. Во предизборието ветуваа откуп и сигурен пласман на јаболката, ветуваа поголеми откупни цени, ветуваа дека откупувачи ќе се тепаат во овој регион и дека Зоран Заев и Николовски имаат план и визија за Преспанскиот регион, изјави денеска членот на Извршниот комитет на оваа партија, Цветан Трипуновски.