Економија 18. јануари 2020. / 18:25

Трипуновски на средба со земјоделците од Стојаково, Негорци и Миравци

Трипуновски на средба со земјоделците од Стојаково, Негорци и Миравци

Денеска сум во посета на село Стојаково во општина Богданци и селата Негорци и Миравци во општина Гевгелија, напиша дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски на Фејсбук.

Нека излезе Трајан Димковски од удобниот кабинет и нека ги посети овие села.Во овие села ќе ги слушне реалните проблеми на македонските земјоделци како неисплатените субвенции, проблемите со наводнувањето на земјиштето, проблемите со неисплатената дополнителна мерка за јагнето, катастрофално ниската цена за откуп на зелката и многу други проблем.Трајане проблемите се дознаваат на вакви средби, а не на твоите однапред договорени средби, напиша Трипуновски.