Економија

Трамп се заканува со нови царини за Кина

Трамп се заканува со нови царини за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп ја интензивира битката со Кина предложувајќи царини од 10 насто за кинески производи во вредност од 200 милијради долари.

Ова е одговор на претходниот чекор на Пекинг кој по првата рунда американски царини од 25 насто најави царини и за американските производи. Трамп ќе реши дали да ги воведе новите царини откако надлежните ќе го испитаат списокот на производи. Овој процес може да трае и до два месеци.