Министерот Тевдовски посочил дека малите и средни претпријатија се важен дел од нашето стопанство, бидејќи тие претставуваат над 99 отсто од вкупниот број претпријатија кај нас кои учествуваат во креирањето на бруто-домашниот производ со преку 55 отсто и во креирањето на работни места со 75 отсто. Од таа причина, посочил министерот, Владата преку оваа кредитна линија, како и низа други мерки се залага да обезбеди пристап до капитал за овие претпријатија.
-Евтините кредити од ЕИБ за мали и средни претпријатија во вкупна вредност од 100 милиони евра се наменети за реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност и зголемен извоз за малите и средни претпријатија. Со ова, но и преку активните мерки за вработување и мерките за поддршка на претпријатијата се поддржува секторот на мали и средни претпријатија, кој од исклучително значење за економијата- посочил Тевдовски.
Во септември минатата година министерот за финансии Тевдовски, потпретседателот на ЕИБ, Ендрју МекДауел и директорот на МБПР Мартиновски потпишаа договор за нова кредитна линија од 100 милиони евра за мали и средни претпријатија. МекДауел тогаш порача дека поддршката од ЕИБ ќе расте со напредокот на земјата во ЕУ-интеграциите и изрази силно уверување дека започнува период на продлабочување на соработката.
Оваа кредитна линија е петта по ред од ваков тип. Вкупниот износ на финансирање од ЕИБ достигнува 450 милиони евра.