Економија 24. април 2018. / 16:17

Тевдовски не задолжи 19.5 милиони евра, за нив ќе треба да се вратат 47,5 милиони евра

Тевдовски не задолжи 19.5 милиони евра, за нив ќе треба да се вратат 47,5 милиони евра

Денес на домашниот пазар на капитал е издадена државна обврзница на сума 1,2 милијарди денари или 19,5 милиони евра. Обврзницата е издадена со време на доспевање од 30 години, со каматна стапка од 4,85 отсто.

Тоа значи дека годишно државата ќе плаќа 936 000 евра само за камата и тоа секоја година во наредните 30 години. Кога во 30 година ќе треба да ја вратиме и главницата ид 19,5 милиони евра, докололку на нив се доаде и каматата за секоја година, излегува дека државата ќе треба да врати вкупно 47,5 милиони евра.

„За првпат на македонскиот пазар на капитал е издадена државна обврзница со време на достасување од 30 години. Ова е сигнал за довербата на инвеститорите во македонската економија, бидејќи зголемената рочност, односно време за враќање на средствата, укажува на зголемена доверба“, велат од Министерството за финансии.

Инвеститори во 30-годишната обврзница се приватните пензиски друштва и осигурителни компании. Според Министерството за финансии издавањето долгорочни хартии од вредност го намалува ризикот од рефинансирање на јавниот долг.

„Во март 2012 година, 92 отсто од издадените државни хартии од вредност биле краткорочни, а 8 отсто се со поголема рочност. Во март годинава овој сооднос е 40 отсто краткорочни наспроти 60 отсто долгорочни хартии од вредност“, велат од Министерството за финансии.

Купувач на обврзницата се приватните пензиски фондови што, според експертите е скандалозно.

-Каматната стапка е прилично висока и зa нив пензиските фондови претставува добар принос. Од финансиска гледна точка ваквите оперции се економски штетни. Прво, во приватните пензиски фондови се одлева една третина од стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, што придонесува за дефицит во ФПИОМ, кој го покрива владата, предизвикувајќи дефицит во буџетот. Сега тој ист дефицит се финансира преку задолжување на државата кај пензиските фондови со висока камата. Значи, тие добиваат пари од државата, за потоа да и ги позајмат на државата, што е апсурдно – вели експерт на Лидер.