Државата планира прогресивниот данок да почне да се применува од 2019 година, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој рече дека Македонија заедно со Косово имаат најниски буџетски приходи во Европа, а тоа се пари кои се користат за реализација на капитални инвестиции.
Но, како парите на граѓаните ќе се трошат, наскоро на веб страната на министерството за финансии ќе биде објавени детали како се плаѓаат обврските од трезорот.
„Од една страна барањето на сите е ајде да имаме најниски можни даноци, а од друга страна да градиме и образование и здравство и патишта. Едната потреба е таа. Со многу од вас сме зборувале велите тоа мора да биде умерено бидејки проблем е ефикасноста на институциите. Второто е за корекција на нееднаквоста. Македонија е една од земјите со највисока нееднаквост на доходот“, рече министерот Тевдовски.
Тевдовски меѓу другото кажа дека Македонската економија почнува да се движи во позитивина насока. Се враќала довербата, а во последниот квартал се бележи и напредок од 1,2 насто.
„Растот од 3% не е нешто што е наша цел. Наша цел е значајно повисок раст. Но 3% или 3,2% во 2018 година значи дека Македонија готово завршила со овој период на економска надолна патека и негативен раст. Ако непродуктивно за погрешни проекти, за споменици, фасади нешто што не носеше добро се потрошија многу пари, ние можеме да најдеме средства за да дадеме подршка за економијата да имаме раст“, додава Тевдовски.
Раздвижувања има и на македонска берза До сега вкупниот промет на македонскиот пазар на капитал изнесува повеќе од 82 милиони евра.Но проблем е што бројот на странските компании е многу мал.
„Инвеститорите се оптимисти. Има очекувања позитивни за пробив на Евратланските интеграции на државата. Има еден микс на фактори кои даваат оптимизам и позитивна динамика“, рече Иван Штериев директор на Македонска берза.
Охрид денес беше домаќин на 19 – та годишна конференција на Македонска берза со учество на претставници на берзите од регионот.