Познатиот производител на електрични автомобили, ТЕСЛА од Силиконската Долина во САД, најави дека ќе отпушти 4,500 работници, од вкупно 46.000 колку што се вработени. Од останатите, дел ќе примаат пониски плати.
Од почетокот на годината, Тесла вработи околу 8.000 работници, и денес повеќе од половната од нив се непотребни.
Во средината на мај, извршниот директор на Тесла, Елон Маск, предупреди дека компанијата презема “темелна реорганизација” и дека ќе ја промени својата управувачка структура.
“За да биде јасно, Тесла ќе продолжи да ангажира извонредни таленти во критични улоги додека се движиме напред и сѐ уште има значителна потреба за дополнителен производствен персонал”, рече во писмото до вработените во вторникот. “Исто така, сакам да истакнам дека сега ја правиме оваа тешка одлука, така што, се надевам ова никогаш повторно не треба да го правиме”.
Тесла го стопираше производството на МОДЕЛОТ 3, но имаат и сериозни забелешки во однос на издржливоста на батериите вградени во нивните автомобили.